Над половина милион Турци се раселени, бројот на жртвите во земјотресот надмина над 44.000

Најмалку 44.374 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари, соопшти денеска официјален претставник на националната агенција за катастрофи. Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени беа со епицентар во Кахраманмараш и повеќе од 13 милиони луѓе се погодени.

Јунус Сезер, шеф на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), рече дека работата за пребарување и спасување е завршена во речиси 21.000 згради, додавајќи: „Сега сме целосно фокусирани на отстранување на отпадот. Многу земји испратија спасувачки тимови и помош. 1.180 луѓе од меѓународните тимови за пребарување и спасување сè уште помагаат во активностите за хуманитарна помош“, рече Сезер.