Патнички и товарен воз се судрија во централна Грција во областа Евангелисмос, пред тунелот Темпи, при што спасувачките екипи ги евакуираа патниците од запалените вагони. Седум од жртвите се пронајдени јагленисани. Од околу 130 се повредени, од кои 66 се згрижени во болниците во Лариса, Катеринис и Солун.
Меѓу загинатите има многу мали деца, студенти кои се враќале од Лариса на универзитетот во Солун. Мртви се и сите девет работници на грќкиот државен железнички оператор OSE. Она што е особено загрижувачко за бројот на загинатите е тоа што сите жртви се извлечени од третиот вагон, додека пребарувањето на првиот и вториот вагон не започна дури во 9 часот наутро по локално време пишува порталот на весникот Ta Nea.
„Евакуацијата на патниците е во тек под многу тешки услови со оглед на сериозноста на судирот на возот“, рече портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакогијанис во телевизиско обраќање.
Во патничкиот воз имало околу 350 патници, а во товарниот воз околу 20 железничари. Телевизијата SKAI прикажа снимка на која се гледаат вагони кои излетале од шините и густи облаци чад. Припадници на пПолицијата, 40 пожарникари и околу 30 возила на брза помош се на местото на несреќата, јавува локалниот медиум Onlarissa.
Константинос Агорастор, гувернер на поширокиот регион на Тесалија за TV SKAI изјави дека се судриле два воза – патнички воз кој превезувал патници на линијата од Атина до Солун и товарен воз на релација Солун – Лариса.
„Судирот беше многу силен“, рече Агорастор, додавајќи дека четири вагони излетале од шините, од кои два се „речиси целосно уништени“.
Со одлука на премиерот во Грција е прогласена тридневна национална жалост за жртвите од железничката несреќа во Темпи од 1 до 3 март 2023 година, со спуштени знамиња на половина копје во сите јавни објекти и прекин на јавните прослави.