Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата изјави дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14-ти мај, како што е предвидено, нешто повеќе од три месеца по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција.
„Оваа нација ќе го направи она што е неопходно на 14-ти мај“, рече Ердоган во говорот пред пратениците на неговата Партија на правдата и развојот (AKP).
Ова е датумот за кој Ердоган зборуваше претходно и не го помести поради земјотресот, како што се сметаше.
Осудувајќи ги оние кои ја критикуваа неговата влада за лошото управување со ситуацијата по земјотресот од 6-ти февруари, Ердоган рече: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14-ти мај“.