Молкот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен за преговорите со американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ кои доведоа до огромни скапи набавки на вакцини против Covid-19 го разговорува недовербата на јавноста, изјави во четвртокот народната правобранителка во Европската унија, Емили О’Рајли,
„Мораме да слушнеме што се случувало, инаку на тој начин случајот ќе се пролонгира“, рече О’Рајли укажувајќи на истрагата на јавниот обвинител на ЕУ за набавката на вакцините и на плановите на комисијата за Covid-19 на Европскиот парламент да одржат нови сослушувања.
Во интервју во интервјуто за весникот The New York Times од април 2021 година, Урсула фон дер Лејен потврди дека еден месец разменувала пораки со извршниот директот на „Pfizer“, Алберт Бурла во текот на преговорите за договорот за набавката на вакцините.
Тоа ја поттикна јавноста да бара да биде објавена целата преписка, особено по објавите дека наводно во пораките за набавките се споменува и сопругот на фон дер Лејен. Европската комисија во јуни 2022 година соопшти дека повеќе ги нема тие пораки, што подоцна го критикуваше и народната правобранителка на Европската унија.
О’Рајли изјави дека многу луѓе би ја разбрале одлуката на фон дер Лејен да го контактира челникот на „Pfizer“ и да се обиде да договори испораки на вакцини во ЕУ, имајќи предвид дека во тоа време десетици илјади луѓе во Европа умираа од Covid-19.
„Меѓутоа, тајноста го поттикнува сомневањето… Тоа е подарокот од небото за луѓето коишто се непријателски настроени кон ЕУ и на оние коишто се противат на вакцинирањето бидејќи може да се вклопат во тврдењето дека нешто се крие“, истакна народната правобранителка на ЕУ.
Европската комисија го одбила нејзиното минатогодишно барање да ги објави текстуалните пораки кои со месеци ги разменувале фон дер Лејен и Бурла пред Брисел во мај 2021 година да го потпише договорот со „Pfizer“ и неговиот германски партнер „BioNTech“ за купување на 1,8 милијарди дози од вакцините против Covid-19, кој беше проценет на 35 милијарди евра.
Портпаролот на ЕК изјави за Reuters дека Брисел ланскиот јуни заклучил, и за тоа ја известил народната правобранителка, дека текстуалните пораки не се документ на ЕУ кој јавноста може да го добие на увид врз основа на правата за слобода на информирањето, според прописите за транспарентност.
„За да ја подобри безбедноста, Комисијата работи на насоките за модерни комуникациски алатки како што се текстуални и моментални пораки“, изјавиле за Reuters од ЕК предложувајќи им и на другите институции во ЕУ да го следат нејзиниот премер.
Тоа, пак, би значело дека сосема ќе бидат избришани сите евентуални докази во случаи на големи корупциски скандали во Европската унија, забележуваат европските медиуми.
Заклучоците на народната правобранителка на ЕУ не се обврзувачки, но ЕК поради нив може да се најде под лупата на институциите на Унијата и на граѓаните, што и се случи во случајот на преписката меѓу фон дер Лејен и шефот на „Pfizer“.
Пратениците во Европскиот парламент ланскиот октомври изразија огромно незадоволство од тоа што Бурла не се појави на специјалното сослушување во врска со случајот, заканувајќи им се на вработените и лобистите на „Pfizer“ дека ќе им биде забранет влезот во парламентот, потсетува Reuters.
Тужба од NYT
На 13-ти февруари весникот Politicо објави дека The New York Times ја дал извршната институција на ЕУ на суд поради тоа што на весникот не му ги доставила смс-преписките меѓу нејзината претседателка фон дер Лејен и извршниот директор на „Pfizer“.
Влијателниот американски дневен весник има намера да се соочи со правните претставници на ЕУ во највисокиот суд на унијата, тврдејќи дека Комисијата имала законска обврска да ги објави спорните пораки, кои би можеле да содржат информации за зделките на Унијата за купување на дозите од вакцините за Covid-19 во износи од десетици милијарди евра.
Предметот бил поднесен на 25-ти јануари годинава и објавен во јавниот регистар на Европскиот суд на правдата, но сѐ уште нема детални информации на мрежната страница. Две лица запознаени со случајот за Politico кон крајот на февруари ги потврдиле деталите од случајот.
Тогаш од NYT одбиле да го коментираат случајот наведувајќи само дека весникот „поднесува многу барања за слободен пристап до информации и одржува активно документирање…“ но дека во моментот „не можат да ја коментираат темата на таа тужба“. Истовремено од Европската комисија воопшто не одговориле на барањето за коментар од Politico.
Се потсетува дека таа тужба следи по истрагата отворена на народната правобранителка на ЕУ, Емили О’Рајли пред повеќе од една година, односно во јануари 2022 година а аферата потоа беше заборавен по почетокот на руската инвазија во Украина од крајот на ланскиот февруари.
Истрагата на О’Рајли тогаш идентификувала злоупотреба во обидите на ЕК да ги врати текстуалните пораки, по барање за слободен пристап до информациите побарано од новинарот на порталот netzpolitik.org, Александер Фанта. Истрагата, исто така, покажала дека ЕК експлицитно не ги побарала смс-пораките од кабинетот на претседателката на Комисијата.
Тогаш комесарката за европски вредности и транспарентност Вера Јурова, тврдеше дека смс-пораките можеби се избришани поради нивната „краткотрајна, ефемерна природа“,
Германскиот дневен весник Bild изминатите месеци поднесе низа тужби против ЕК барајќи откривање на документи поврзани со преговорите за купување на вакцините за Covid-19 склучени со компаниите „Pfizer/BioNTech“ и „AstraZeneca“.
Во периодот кога неговите барања биле отфрлени од судовите, Bild, сепак дошол до некои документи во врска со разговорите за набавките на вакцините, вклучително и за преписката преку електронска пошта започната во јуни 2022 година. Засега нема информации за претходни контакти меѓу фон дер Лејен и директорот на „Pfizer“ како резултат на судските спорови поведени од Bild.