
Работилница на тема „Интензивирање на воведувањето ХАЦЦП во угостителските објекти во Република Македонија”, денеска ќе се одржи во Куманово.
Работилницата, 15. по ред, ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување ХАЦЦП во угостителските објекти. Во текот на дискусијата ќе бидат претставени основите на ХАЦЦП контролниот систем за безбедност на храната.