ТФТ пак славеше против Работнички

Драматична завршница на дерби дуелот меѓу ТФТ и Работнички во репризата од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Победник од оваа пресметка излезе ТФТ кој славеше со 92-89 по продолжение со рамките на 16 коло во Првата лига. За тимот од Тафталиџе ова беше 11 триумф, додека за најтрофејниот осми пораз.

Костоски постигна 25 поени, зад него беше Батрик со 16. Кај Работнички, Џелетовиќ имаше 20 поени и 9 скока.