Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше ужасни квалификациите за трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул.

Ивановски заврши последен во квалификациите со време од 8:17,93 минути, а тоа е за дури дваесетина секунди полошо од неговото најдобро време на оваа патека.

Вчера на настанот настапи и македонската атлетичарка, Дрита Ислами која заврши на 25-то место од 28 атлетичарки.