
Во последниот натпревар од 23-то коло на германскиот фудбалски шампионат, Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 2:2, резултат постигнат по првото полувреме.
Волфсбург поведе во 10 минута со голот на Омар Мармуш, но гостите напрвија пресврт преку Рандал Коло Муани во 22 и Еван Ндика 26 минута. Сепка, Јаник Герхард израмни во 43 минута.
Волфсбург е осми со 34 бодови, додека Ајнтрахт е на шестата позиција со 39 бодови.
Во првиот натпревар во неделата, Баер Леверкузен ја победи Херта Берлин со 4:1.
Головите за „Фармацевтите“ ги постигнаа Сардар Азмун во 13, Џереми Фримпонг во 21, Муса Диаби во 61 и Амине Адли, додека за Херта од пенал во 67 минута погоди Доди Лукебакио.
Со оваа победа Баер се качи на деветтото место со 31 бод, додека Херта е на 14. позиција со 20 бодови, еден бод над зоната за испаѓање.
Водат Баерн и Борусија Дортмунд со по 49 бодови.