СДСМ вчера одржа осмомартовскиот марш во Прилеп. Форумот на жени на СДСМ, рака под рака со премиерот Димитар Ковачевски, маршираа низ Прилеп и испратија порака за важноста на празникот.
„Осми март е историски ден за сите жени. Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството. Оние кои не знаат каков од низ пеколот е тоа, нека замолчат“, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.
Ковачевски рече дека жените се поим за храброст, истрајност, мудрост, моќ, љубов.
„На нашата држава и се потребни моќни жени како што се потребни и на светот. До сите жени во политиката, во бизнисот, во институциите, на нивите, во лекарските ординации, во медиумите, во училниците, во фабриките, во културата – бидете гласни и активни“, истакна премиерот.
Откако си заминаа по марширањето, пратеникот од Прилеп, Петар Ристески, објави каква е сликата од градот.
„ПРИЛЕП после парадата.
Гостите кои маршираа довлечкани во автобуси,уценети и под закана за работните места административци од цела Македонија ги нема. Реалноста е оваа! Пусто,празно!
Политиката која се фали и снима со леб во маркет,овие резултати ги дава!Со ваква арамиска и неспособна власт,со СДС и ДУИ на чело толку!
Промени се неопходни!
Промени кои ќе донесат во Прилеп нови инвестиции, нови фирми како Гентерм, Вик, Акумпласт…Промени за посилна економија, нови работни места, подобар живот“ – објави тој.