Зеленски во судир со главниот генерал

Во тек е внатрешен конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили, објави Bild.

Упатените во Киев за германскиот таблоид изјавија дека воениот командант повикал на повлекување од клучниот град од регионот Донбас пред неколку седмици.

Залужни го советувал претседателот војската да го напушти Бахмут, наместо да продолжи да го брани додека руските трупи се закануваат дека ќе ја преземат контролата врз градот, пишува весникот. Сепак, украинскиот лидер го прогласи градот за тврдина и одби да се повлече.

Во услови на интензивни борби за Бахмут оваа година, руските сили постигнаа забележителен напредок. Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија Вагнер Груп, минатиот петок тврдеше дека градот е „де-факто целосно опкружен“, со само еден пат на располагање за можна евакуација.

Според американските медиуми, Вашингтон го повикува Зеленски да се повлече од Бахмут од крајот на јануари и да се фокусира на подготовка на голема контраофанзива на пролет со користење на оружјето испорачано од Запад, но украинскиот претседател стравува од морален удар што ќе предизвика таквиот потег.

Градот е дел од 70-километарската украинска одбранбена линија создадена откако Киев ги започна борбите во Донбас во 2014 година. Американските власти оценија дека неговата загуба од Русија нема да влијае на стратешката ситуација.

Извори на Bild тврдат дека украинските војници на теренот во Бахмут „не разбираат зошто градот се држи“ и веруваат дека требало да се повлечат одамна. Зеленски неодамна изјави дека украинските сили ќе го бранат сѐ додека тоа „останува разумно“.

Германскиот таблоид, исто така, истакна дека популарноста на Залужни, која ја постигна за водењето на воената кампања против Русија, го прави остварлив предизвикувач на Зеленски во потенцијалната претседателска трка. Генералот јавно не објави никаква амбиција да се кандидира за функцијата, но во Украина со месеци кружат гласини во врска со загриженоста на Зеленски за можна конкуренција.

Уште во август 2022 година украинскиот информативен портал Telegraf пишуваше дека украинскиот претседател Владимир Зеленски има намера да го смени Валериј Заслужни од должноста врховен командант на украинските вооружени сили.

„Челникот на украинската армија, генерал-мајорот Валериј Заслужни може да биде сменет од високата функција…. На досегашниот врховен командант најверојатно ќе му биде понудена функцијата министер за одбрана. За неговото сегашно место веќе има кандидат“, пишуваше тогаш порталот цитирајќи неименуван соговорник.

Според медиумите, командантот на копнените сили на Украина, Олескандр Сирски би можел да го заземе местото на Заслужни. Се забележува и дека самиот врховен командант на украинските сили не е „многу среќен“ поради можноста да го води министерството за одбрана. Немаше информации за причините зошто би била смената на првиот човек на украинските сили.

„Пратениците и други луѓе до Зеленски велат дека нема конфликт меѓу кабинетот на претседателот со Валериј Зеленски“, но претседателот не е премногу желен да има конкурент при прославата на победата на Украина“, пишуваше порталот кој додаде дека сепак Заслужни има голем рејтинг не само меѓу Украинците, туку и меѓу странските партнери и оти ќе биде ризик да се прават такви ротации.