
Река од кал носеше се пред себе во селото Текија, кое е најтешко погодено од поплавите кои го зафатија источниот дел од Србија.
Две третини од селото се покриени со кал. Во некои куќи калта стигнала до вториот кат. Штетите се огромни.
Селото се наоѓа на околу 25 километри од градот Кладово и е откинато од светот како резултат на активирање на земјиштето. Таква природна катастрофа локалните жители не паметат. Последиците се гледаат на секој чекор. Водата однела мостови, искоренати се и дрвја. Во селото нема вода, струја, не работат мобилните телефони.
Тешка е ситуацијата и во селата Болетин и Орешковица.