Еден од ранетите во пукањето на Кале по санирањето на раните отпуштен од болница

Едно лице со две прострелни рани е донесено вечерва во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување.

„Вечерва околу 20.15 часот со приватно возило е донесено лице на преглед во нашата клиника. Констатирана е прострелна рана во предел на левото стопало и поголема рана во предел на десната потколеница. Раните се обработени, направени се потребните снимања, преврзани се и е поставена имобилизиција, по што лицето е пуштено на домашно лекување, односно не е задржано“, изјавиле за МИА од Градската болница.

Како што посочуваат, досега на оваа клиника е донесено само едно лице.

Претходно според неофицијални информации, лице кое било рането во инцидентот им подлегнало на повредите. Исто така, неофицијалните информации од теренот говорат а седум повредени лица, со разни степени на повреди, додека за убиените се посочува дека биле застрелани од непосредена близина, што укажува на палнирана егзекуција со умисла.

Голем број полициски екипи се распоредени кај Скопската чаршија, каде вечерва во вооружена пресметка, како што потврди полицијата, загинаа две лица, а едно е повредено.

Во поблиската област на инццидентот се распоредуваат и дополнителни полициски единици, а водливо е присуството на специјалните полициски единици, а пристапот кон Скопското кале е целосно блокиран.

Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.