Лајчак во петок ќе престојува на Косово

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, в петок ќе престојува во официјална посета на Косово, пишува „Коха диторе“.

Изворите на приштинскиот весник наведуваат дека пратеникот на ЕУ, освен со претставници на властите во Приштина, ќе се сретне и со лидерите на опозициските партии.