Поради изведба на пробна делница (вградување на асфалтен слој), денеска од 08:00 до 16:00 часот ќе биде затворена за сообраќај Делница 4 од регионалниот пат Р1102, делот од село Ногаевци до село Виничани, информираат од АМСМ.
Привремениот прекин на сообраќајот, како што велат од АМСМ, е во рамки на „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.