Ги уапсиле затоа што пиеле соја сос од „заедничко шише“

Во Јапонија три лица се уапсени поради намерно несовесно однесување во суши ресторан. Тие се осомненичени дека „насилно ја попречувале“ работата на угостителскиот објект, објави „Гардијан“.

Меѓу уапсените е „првоосомничениот“ 21-годишен маж кој пиел од „заедничко шише“ соја-сос во ресторанот „Кура суши“ во Нагоја, на почетокот на минатиот месец. А, двајца други гости – 19-годишен маж и 15-годишна девојка, се уапсени бидејќи, според наводите, помогнале да се сподели видеоснимка на којашто се гледа како 21-годишникот пие од „заедничкото шише“ соја-сос.

Од ресторанот соопштија дека ваквото „несовесно однесување“ на гостите „ги потресува темелите на односот и довербата“. Тие ја поздравија брзата реакција на полицијата.

Се верува дека oва се првите апсења во коишто е вклучено „нехигиенско однесување и вознемирување“ во оваа земја, како што се наведува.

Фирмата додаде оти се надева дека овие апсења ќе одвратат други гости да се однесуваат на овој ист начин.