Како автентична, автохтона, лојална и мирољубива етничка заедница, Египќаните се убедливо најдискриминирана етничка заедница и како таква позиционирана на маргините на општественото, културното, образовното и секаквото живеење.
Денес, за жал, можеме да констатираме дека нема ниту еден вработен, а, деклариран Египќанец /ка согласно одредбите и духот на Охридскиот Рамковен Договор. Ако, кон горенаведеното се придодаде дека за Египќаните не се практикува и соодветната и правична застапеност, практично доаѓаме до ситуација дека припадниците на етничката заедница Египќани немаат никаква перспектива во држава членка на НАТО и држава која има аспирации да биде полноправна членка на ЕУ.
Како последица на горенаведеното, имаме катадневно заминување на младите Египќани од државата, а за време на избори секогаш се под закани, уцени и политички прогонства. Токму затоа, го засиливме интензитетот на средби со Амбасадори од највлијателните земји-членки на ЕУ.
Меѓу другите средби, сакаме да ја нотираме средбата со заменик Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Џулијано Васало, како и последната со германскиот Амбасадор и голем пријател на Египќаните од Македонија, Н.Е. Ото Граф, каде детално ги произнесовме сите аспекти и аргументи со кои се соочуваат Египќаните во Македонија, притоа барајќи и нивна подршка за надминување на истите, бидејки Египќаните се лојални граѓани на Македонија и се залагаат за една УНИТАРНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА, истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип, кој додаде дека очекува средба и со Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.