Облачно со температура до 14 степени

На Попопова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) наврнат воден талог има во Дебар 4 л/м2, 3 Попова Шапка, 2 Штип, Берово, Крушево, Маврови Анови, 1 Охрид, Виница, и помлаку од 1 л/м2 во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и во Куманово.

Снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 5 см, а 2 во Крушево и Лазарополе.

Времето денеска наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во раните утрински часови има слаби врнежи од снег на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот, известија од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.