
Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка -7 степени, во Крива Паланка и Маврово се измерени -6, Крушево -5, а во Скопје, Битола и Прилеп -4. Над нулата е во Гевгелија со четири и во Дојран со плус шест степени.
УХМР соопшти дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово е насекаде сончево.
Денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.