Во САД затворена и њујоршката „Signature Bank“

Њујоршката банка „Signature Bank“ беше затворена во неделата поради системски ризици, соопштија во заедничката изјава на министерката за финансии Џенет Јелен, претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел и претседателот на Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), Мартин Грубнберг.

„Исто така, најавуваме слично изземање од системскиот ризик во однос на Signature Bank со седиште во Њујорк, во сојузната држава Њујорк, којашто беше затворена денеска од властите на државата“, се укажува во документот во кој се потврдување банкротирањето на калифорниската банка „Silicon Valley Bank“ (SVB).

Се напоменува дека сите вложувачи во њујоршката банка ќе имаат достап до своите депозити, исто како и во случајот со „Silicon Valley Bank“. Претходно беше објавено дека на сите штедачи во калифорниската банка од понеделникот 13-ти март ќе им биде овозможен пристапот до нивните заштеди.

Банката „Silicon Valley Bank“ беше специјализирана за операции со стартапи во ткн Силиконска (Силициумска) долина. На 8-ми март банката објави продажба на практично сите свои хартии од вредност и претрпе загуба и по плаќањето на даноците од 1,8 милијарди долари. Обидите за привлекување капитал од две милијарди долари, следниот ден заврши неуспешно. Акциите на „Silicon Valley Bank“ потонаа за повеќе од 60 отсто, а на 10-ти март тргувањето беше целосно запрено. Како резултат на тоа, американскиот банкарски сектор потона за 6,5 отсто на 9-ти март и за уште 3,5 отсто следниот трговски ден. Потоа „Silicon Valley Bank“ ангажираше финансиски консултанти да ја истражат можноста за продажба на банката.

На 10-ти март Федералната корпорација за осигурување на депозитите (FDIC) објави дека регулаторите во сојузната држава Калифорнија ја затвориле банката „Silicon Valley Bank“, најголемата банка која пропадна во СД по последната финансиска криза во 2008 година. FDIC ги префрлил сите осигурени депозити од банката на посебен правен ентитет „Deposit Insurance National Bank of Santa Clara“.

Се покажа дека банкротот на „Silicon Valley Bank“ е поврзан со зголемувањето на клучните каматни стапки од страна на Fed, што довело до депресијација на активните на многу финансиски институции. Според FDIC, севкупните загуби на банките во минатата 2022 година изнесувале 620 милијарди долари.

Во саботата весникот The New York Times предупреди дека постои загриженоста дека американските банки може да се соочат со сериозни предизвици по прогласениот банкрот на „Silicon Valley Bank“. Проблемите кои ги предизвика колапсот на калифорниската банка може да се прошират на некои делови од банкарскиот и финансискиот сектор, објави весникот. Во тој контекст се истакнува дека штедачите ги „дампираа“ акциите на банките со слични активности и портфељи, како „First Republic“, „Signature Bank“ и „Western Alliance“. Многу од овие финансиски и кредитни институции опслужуваат клиенти почетници и имаат инвестициски портфељи слични на „Silicon Valley Bank“.