Белата куќа тврди дека Бајден наскоро ќе разговара со Кси

Американскиот претседател Џо Бајден во следниот период ќе разговара со кинескиот челник Кси Џинпинг, изјави во понеделникот советникот за национална безбедност во Балата куќа, Џејк Саливан.

„Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот, но претседателот Бајден искажа подготвеност за телефонски разговор со претседателот Кси“, изјави Саливан

Во понеделникот во Пекинг заврши деветдневното заседавање на парламентот со учеството на речиси 3.000 делегати коишто на Кси му го потврдија рекордниот трет мандат на чело на владејачката Комунистичка партија и на земјата, како и значителното зголемување на овластувањата.

Медиумите забележаа дека Кси во текот на своето обраќање имал невообичаено остар тон кон САД ѓ, обвинувајќи го Вашингтон и ткн колективен Запад дека се обидуваат да го спречат подемот на Кина во светот со стратегијата на воздржување.

Односите меѓу Кина и САД дополнително беа ставени на тест последните месеци со американското соборување на наводниот кинески шпионски балот во американскиот воздушен простор, покрај речиси континуираните тензии околу Тајван последната година.
Администрацијата на Бајден ја означи Кина како најголемиот геополитички предизвик на САД. Притоа Вашингтон му се закани со последици на Пекинг доколку ѝ испорача оружје на Русија коешто потенцијално би го користела во војната во Украина, иако самите Соединетите држави веќе осум години го снабдуваат Киев.

„Сѐ што можам да ви кажам е дека сѐ уште не сме виделе трансфер на смртоносно оружје од Кина во Русија за употреба на бојното поле во Украина, а тоа е нешто околу што сме претпазливи и продолжување внимателно да набљудуваме“, изјави Саливан.

Изјавата на Саливан за разговорите на американскиот и кинескиот челник дојде откако претходно во понеделникот агенцијата Reuters, повикувајќи се на извори запознаени со темата, дека кинескиот челник Кси Џинпинг веќе следната седмица може да ја посети Москва за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Претходно во јануари руските медиуми објавија дека Кси бил поканет да ја посети Русија пролетта, а американските повикувајќи се на извори од Пекинг проценуваа дека средбата би можела да се случи во април или на почетокот од мај.