
Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температиру се движат од минус 5 до 2 степени, додека преку денот ќе се искачат во интервалот 10 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со дневна температура до 16 степени.
Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.