
Во моментов нема услови за мировно решение во Украина, што значи дека Русија нема друга опција освен да продолжи да се бори, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Апсолутен приоритет за нас останува и секогаш ќе остане постигнувањето на целите што самите си ги поставивме. Во овој момент, тие можат да се постигнат само со воени средства“, изјави функционерот за новинарите во понеделникот.
Песков реагираше на статијата напишана од германскиот дипломат Волфганг Ишингер, кој претседаваше со Минхенската безбедносна конференција повеќе од една деценија. Во текстот објавен од „Der Tagesspiegel“ во неделата, Ишингер ги повика западните лидери „да почнат да размислуваат за мировен процес сега“ и да создадат специјална политичка контакт група за украинскиот конфликт.
„Покрај испораката на оружје и финансиската поддршка, ние треба да понудиме перспективи на големиот број прашања од критичарите“, тврди тој.
Според предлогот на Ишингер, контакт групата ќе биде предводена од САД, Обединетото Кралство, Германија и Франција, со други нации и меѓународни организации, вклучително и НАТО, да формираат „надворешен круг“ на учесници за да му дадат легитимитет на секој нацрт-документ.
Задачата на групата ќе биде да подготви договор за прекин на огнот. Таа ќе работи заедно со таканаречената Рамштајн група, која ја испорачува западната воена помош за Украина. Ишингер нагласи дека новата иницијатива нема да изврши притисок врз Украина да преговара.
Ветеранот- германски дипломат предложи список со прашања што групата ќе си ги постави, вклучително: „Дали договорот за прекин на огнот треба да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН?“, „Дали ќе има демилитаризирана тампон зона?“ и „Дали луѓето во Крим треба да одржат референдум за да одлучат кому му припаѓаат?“.
Киев го прогласи целосното враќање на териториите за кои тврди дека се украински како предуслов за мировни преговори. Нејзиниот совет за национална безбедност, исто така, забрани разговори со Русија се додека претседателот Владимир Путин останува на функцијата.
Москва тврди дека украинската влада ги направила мировните преговори невозможни и дека Киев го усвоил својот став врз основа на наредбите од САД, кои имаат за цел да и нанесат стратешки пораз на Русија.