
Руската блогерка, 34-годишната Светлана Тимофеева, која беше уапсена ланскиот август во Албанија под обвинение за наводна шпионажа, наводно поднела барање за азил во обид да избегне екстрадиција, бидејќи се плаши од прогон во Москва тврди нејзиниот адвокат Исуф Шеху.
Тимофеева е уапсена заедно со уште еден Русин и Украинец под обвинение дека влегле во првата поранешна комунистичка воена фабрика „Грамш“, на околу 80 километри од албанскиот главен град Тирана, објави Reuters.
Одбраната на Тимофеева наведе дека фабриката е напуштена и дека немало знак дека станува збор за воен објект и дека луѓето и животните слободно влегуваат и излегуваат. Таа изјави дека единствената причина поради која ја посетила областа била нејзината желба да снима напуштени згради од ерата на Студената војна, за кои претходно објавувала фотографии на својот блог.
Бејзиниот адвокат рекол дека рускиот државен обвинител е на црната листа во западните земји, како и во Албанија, а Тимофеева бара азил, бидејќи наводно отворено го критикувала рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина.
„Обвинителството во Албанија нема факти кои би ја инкриминирале Тимофејева под обвинение за шпионажа, бидејќи таа само фотографирала стари и уништени згради“, рече Шеху.
Се очекува судот во петок да одлучи дали ќе ја екстрадира Тимофеева или не, објави Reuters.
Минатото лето веќе по неколку дена по инцидентот со групата во која учествуваше Тимофеева, во Албанија беше потврден уште еден сличен случај во поранешен воен капацитет во кој учестуваа лица од Чешка.