Русија: Србија е под невиден притисок да се приклучи на западните санкции

Србија е под невиден притисок да воведе санкции кон Русија, соопшти во вторникот руското Министерство за надворешни работи, ден откако српскиот министер за економија Раде Баста објави дека земјата треба да се приклучи на западните санкции против Москва.

Србија постојано се приклучува на осудите на руската инвазија на Украина во Обединетите нации и другите меѓународни тела, но се спротивстави на притисокот од Западот да воведе санкции.

„Многу чудно: Америка врши притисок врз Србија, а српскиот министер повикува на акција против Русија“, напиша на апликацијата Telegram Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Русија, традиционален словенски и православен сојузник го поддржува Белград, кој од 2008 година се противи на независноста на својата поранешна јужна покраина Косови и Метохија, каде што мнозинското албанско населние со поддршка на Западот еднострано прогласи независност на Република Косово. Од друга страна,

Во Србија, покрај историско културните блискости, поради ксоовскиот случај владее големо проруско расположение, потсетуваат западните медиуми. Покрај тоа во Белград често се повикува Западот на аналогија со самопрогласените проруски републики на украинскиот југоисток и се потсетува дека Србија секогаш го поддржувала територијалниот интегритет на Украина.

Српскиот министер за економија Раде Баста оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „тоа станува неиздржливо“, а неговата најава ги подгреа оградите на неговата партија Обедиенета (Единствена) Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во владата на Ана Брнабиќ и барањата на коалициските партнери да си поднесат оставка.

Баста истакна дека како министер за економија гледа колкав притисок е врз претседателот на Србија од ЕУ и меѓународната заедница, но дека за тоа молчи.

Србија сака да се приклучи на Европската унија, нејзиниот главен инвеститор и трговски партнер, но условена е прво да ги нормализира односите со Косово и да ја усогласи својата надворешна политика со Западот, вклучително и воведување санкции кон Русија.

Србија е целосно зависна од увозот на руски гас, а Белград ја одржува и воената соработка со Русија, која е прекината по инвазијата на Украина.