Ковачевски до Мицкоски: Постојано бараш избори, како внук ми што бара плејстејшн

Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе нема предвремени парламентарни избори и дека подобро е да се фати за работа, наместо постојано да повторува за предвремени избори.
„Прашањето на предвремени избори кое Мицкоски го најави за декември, па го презакажа за јануари, е затворено, бидејќи тој тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, а на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено мнозинство. Изборите ќе бидат во редовен термин, прво претседателските, а потоа и парламентаните изборои на кои ќе формираме проевропска влада“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и дека треба да се посветата на работа во општините, наместо постојано да повторува за предвремени избори.
„Барањето на Мицкоски за предвремени избори ме потсетува на внук ми Никола. Цело време му велиме земи учи, работи за да напредуваш, а тој вели купи ми плејстејшн. И што и да му кажеш, тој вели плејстејшн, плејстејшн. И ова ме потсетува на однесувањето на претседателот на опозицијата. Предвремени ќе нема, ќе има редовни избори“, рече Ковачевски.