ОВЕН
Денеска не ѝ давајте одврзани раце на вашата страст за моќ, бидејќи ќе наидете на отпор од една подеднакво амбициозна личност. Концентрирајте се на работата и не подлегнувајте на провокации. Внимателно преиспитувајте ги вашите зборови, инаку ризикувате да бидете погрешно разбрани.
БИК
Со проект во кој сте вложиле многу енергија и средства, ќе завршите период од кој билансот е дека сте станале посилни. Покрај тоа, ќе го привлечете вниманието на некој што ви се допаѓа и би сакале да бидете блиски. Природата ќе ви пружи пријатна возбуда, но не се преоптоварувајте.
БЛИЗНАЦИ
Може да забележите завист во очите на другите, но не се измачувајте себеси. Тоа е показател за вашиот подем. Вашите најблиски ве сакаат и поддржуваат, сфатете дека не секој има такво богатство. Ќе можете да се справите со некој проблем и на тој начин да ја зајакнете вербата во сопствената сила. На врвот сте, носители на благородни и филантропски идеи, објавете ги на сите.
РАК
Денеска сте особено емотивни, но внимавајте тоа никако да не ви пречи во работата. Има добри шанси вашите професионални планови успешно да се реализираат, но потребно е внимателно и претпазливо да се однесувате.
ЛАВ
Нема да се држите настрана од општествените активности. Ќе ве интересираат и професионални теми. Но, можеби ќе го забележите вниманието кое ви го посветува атрактивна личност од спротивниот пол. Не пропуштајте ја шансата, за да не зажалите подоцна. Некои од вас ќе се занимаваат со комуникации, рекламирање и тоа ќе им донесе поплатени ангажмани.
ДЕВИЦА
Професионален или друг состанок ќе ја одреди насоката на вашата енергија во наредните денови. Јасноста во вашата програма ќе си ја заврши работата, ќе ги следите вашите амбиции праволиниски. Не отстапувајте пред тешкотии и не дозволувајте да ви исчезне шансата. Разјаснување на односите на интимен план.
ВАГА
Ги анализирате длабински случаите со кои се занимавате и можете да предвидите што следува. Луѓето околу вас се потпираат на овој факт, но не дозволувајте да бидете одговорни за нив. На некои од вас им претстои патување во странство кое е поврзано со многу предизвици, но и доста добивки.
ШКОРПИЈА
Сега е време да го остварите долго планираното патување. Околностите се многу поволни. Отсуството нема никому да му прави проблеми, а потребна ви е промена на пејзажот. Ентузијазмот со кој пристапувате кон работата ви помага да не обрнувате внимание на ситни неволји и самоуверено да продолжите напред.
СТРЕЛЕЦ
Пред вас е интересен и исполнет ден. Вашите снаодливи постапки ќе го привлечат вниманието на другите и ќе добиете заслужено признание. Вашето семејство очекува повеќе од вас и тоа може да стане причина за мал конфликт. Ако се воздржите и не експлодирате, сѐ ќе мине без проблеми.
ЈАРЕЦ
Среќата ве придружува на секој чекор од патот. Ќе треба да се соочите со многу нешта. Ова е особено карактеристично за она што се случува во вашиот дом. Многу вешто успевате да ги споите задоволствата и деловните обврски, на кои им пристапувате со ентузијазам. Нема многу промени пред вас. Можете да уживате во вашиот одмор во мир.
ВОДОЛИЈА
Зголемено работно време. Проектот што ќе го завршите ќе ви овозможи да го насочите вашиот интерес кон други области на активност. Вашата интуиција и добро расудување ќе ви кажат кому да се обратите и кому да му верувате. Помладите членови во семејството очекуваат повеќе внимание, со оглед на општото задоволство што го чувствувате заемно.
РИБИ
Денот е поволен за решавање на личните проблеми и враќање на контактите со за вас важни луѓе. Вашите деловни обврски се на ниво и ви го носат очекуваниот успех. Време е да размислите за проширување на вашиот бизнис.