Државјанин на Црна Гора е повредениот возач кој излета од автопатот Гостивар-Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот на тетовската сообраќајна полиција, информира СВР Тетово по увидот.
Утврден е и идентитетот на возачот кој поради повредите е хоспитализиран во Клиничка болница во Тетово.
– Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило „волво“ со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Подгорица“, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За да биде извлечен од кабината на камионот интервенираше и тетовската пожарна.