Сопственикот на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, повторно бил префрлен во болница поради проблемите со срцето, овој пат во „8 Септември“.
Информацијата за Канал 5 ја потврди директорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов.
Стаменковски првично ноќта во саботата бил однесен на кардиологија, но по негово барање вчера бил вратен во притвор. Сепак, поради влошената здравствена состојба повтроно побарал лекарска помош и со брза помош денеска бил однесен во ГОБ 8 септември. Таму е хоспитализиран и, според информациите, е во стабилна состојба.
Судскиот процес во кој на Стаменковски му се суди за неколку кривични дела е во тек..