
Врие од полиција на улица „Боца Иванова“ во Бутел 1, објави Курир.мк, чија редакција е контактирана од читател кој ги информирал дека интервентната полиција е присутна во голем број на оваа локација во населбата.
Тој испрати и фотографии од местото.
Побарано е одговор од МВР, но пријава за настан од тоа место, полицијата нема добиено.
Најверојатно, ова е поврзано со митингот на ДУИ во Чаир.