Излетал од патот, па избегал бидејќи возел мигранти

На 19.03.2023 во 20:10 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци–Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, но возилото продолжило да се движи кон Неготино.

Околу 20.30 часот, во близина на клучка за с.Водоврати, возилото излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото.

Полициски службеници извршиле преглед при што пронашле седум лица мигранти од Сирија, кои биле задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.