Две лица во Црна Гора под надзор поради ебола

Две лица моментално се под здравствен надзор во Црна Гора поради стравување од ебола.

Формиран е тим од пет лекари, кои ќе бидат ангажирани во случај вирусот на ебола да се појави во земјата. Исто така одредени се можни здравствени институции и хотел, кои и можеле да бидат привремени карантински установи.

Помошникот на црногорскиот министер за здравство, Мира Дашиќ – Јовановски рекла дека ресорното Министерство чини се за да го спречи „увезувањето“ на еболата и дека засега не постои доказ дека било која личност заболела од оваа болест во Црна Гора.

Таа истакнала дека на вирусите и бактериите не им е потребн пасош за да патуваат и дека многу брзо било кое заболување може да се пренесе во некоја држава.

„Во Африка еболата брзо се шири, бидејќи еден лекар лекува десет до дваесет илјади лица. Ние во Црна Гора имаме еден здравствен тим од пет лица и еден лекар на 2.000 лица“, додала Јовановски.