ЕУ исплати уште 1,5 милијарди евра помош за Украина

Европската унија исплати уште 1,5 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина, напиша во вторникот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.

„Денес исплативме уште 1,5 милијарди евра на Украина“, се вели во твитот.

Според Фон дер Лајен, поддршката на ЕУ ѝ „помага на Украина да работи, додека се брани себеси“. Исто така, „ја става Украина цврсто на нејзиниот пат кон ЕУ со поддршка на реформите – на пример доброто владеење и финансиската стабилност“. „Заедно, ја пишуваме иднината на Украина“, додаде претседателот на Европската комисија.

Програмата на ЕУ за макрофинансиска помош за Украина за 2023 година е вредна 18 милијарди евра.