
Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во март – месец посветен на жената, „Дм дрогерие маркт“ донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, информираат од оваа компанија.
Со набавка на два гинеколошки прегледни стола, две столчиња за преглед и стерилизатор за медицинска опрема, како што се нагласува во соопштението, компанијата уште еднаш ја докажа својата посветеност кон создавање на подобри услови за грижа и одржување на женското здравје.
– Изминатата година „Дм“ донираше повеќе од 1,6 милиони денари во пет гинеколошко-акушерски клиники низ земјата. Преку овие донации, компанијата обезбеди поддршка за родилките, а оваа помош значеше и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето, потенцираат од компанијата.