
Не е чесно кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ова што му го прават од таканаречената „Огнена група“, рече во вторникот вечерта министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараше на теми поврзани со уставните измени, тензиите во ДУИ и митингот на оваа партија во скопски Чаир, преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за македонската надворешна политика.
„Ахмети е историска личност. Ахмети дваесет години работи за интересите на државата. Тој е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата.
Видете, Али Ахмети работеше за Северна Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е осебно важно сега кога недалеку од тука има војна.
Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од ‘огнените’, кога Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го ‘замараат’ со минорни работи“, вели Османи.