
АД ЕСМ вчера произведe 15.606 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.
Од вкупно произведената електрична енергија, во термоелектраните биле произведени 10.344 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.262 мегават часови.