Пукано врз телевизијата Top Channel, убиено едно лице од обезбедувањето

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Top Channel, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.

Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е 60-годишниот Пали Кола, лице од обезбедувањето.

Возило „ренџ ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.