ВИДЕО| Полицијата објави снимка од ликвидацијата на напаѓачката во училиштето во Нешвил

Полицијата во Нешвил на својата официјална страница на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како униформирани полицајци ја ликвидираа напаѓачката во приватно христијанско училиште во американскиот град кој смрто застрела три деца и тројца возрасни.

Снимката е снимена со камери прикачени на телата на полицајците Рекс Енглеберт и Мајкл Колацо и ја открива целата акција на властите во училиштето, се истакнува во соопштението.

На видеото се гледаат вооружени униформирани мажи како влегуваат во училиштето каде се огласува аларм за предупредување. Полицајците проверуваат неколку училници, барајќи го стрелецот, кое завршува на последниот кат.
Тешко вооружените службеници на полицискиот оддел во Нешвил открика оган кон вооруженото лице и со неколку истрели успеаваат да го елиминираат.

„Не мрдај, не мрдај“, извикува полицаецот Колацо додека пукал во напаѓачката додека таа сѐ уште се движела, иако била застрелан, пред да пријави дека „осомничениот е долу“.

Според началникот на локалната полиција Џон Дрејк, крвопролевањето во училиштето го извршила Одри Хејл, 28-годишна трансродова личност. Полицијата подоцна изјави за локалните медиуми дека напаѓачот бил трансродовиот маж – роден како жена, но се идентификувал како маж.

Одри Хејл била ќерка на свештеникот чија црква била приклучена на приватното училиште. Хејл имала законски дозволи да поседува дури седум огнени оружја.

Во пукањето загинаа вкупно шест лица: три деца – 9-годишните Евелин Дикхаус, Хејли Скрагс и Вилијам Кини. Другите три жртви се членови на персоналот во училиштето: директорката Кунс, заменичката наставничка Пик и старателот на училиштато Хил.

Приватното христијанско „Covenant School“ е основано во 2001 година од страна на Презвитеријанската црква на заветот во Нешвил, опслужувајќи приближно 200 деца од предучилишна возраст до шесто одделение.

За време на претресот во домот на сторителот, полицијата пронашла манифест и мапа на училиштето, вклучувајќи потенцијални влезови, додаде Дрејк. Напаѓачот вршел надзор пред да го изврши злосторството.

За време на нападот, една од учителките успеала да ѝ се јави на нејзината ќерка.

„Таа ми кажа дека се сокрила во плакарот и дека насекаде се слушаат истрели“, изјави Ејвери Мирик за локалната телевизиска станица Double USMV 4. Нејзината мајка успеала да побегне неповредена.