Шведскиот министер за надворешни работи изјави во четвртокот дека повеќе не е сигурен дела неговата земја ќе може да му се приклучи на НАТО до јули, по новите сигнали за противење од Унгарија покрај противењето на Турција.
Шведска и Финска по децениите декларативна наводна воена неутралност кога сепак одржуваше тесна воена соработка и континуирани воени вежби со западните земји, минатата пролет ја искористи руската инвазија во Украина и отворено да изрази подготвеност да стапи во полноправно членство на НАТО. По мајскиот мадридски самит на Алијансата, 28 земји членки ги ратификуваа протоколите за пристапување на двете нордиски земји, но Унгарија, а особено Турција се спротиставија на членството на Шведска.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром минатата седмица изјави дека „се подразбира“ дека Шведска ќе стане членка на самитот на НАТО во Вилнус во јули. Но, во четвртокот изрази спротивно мислење.
„Забележав нешта кои се изречени последните денови, особено од унгарска страна, а тоа значи дека секогаш имате причина да ги измените промени на своите зборови. Мислам дека ‘се надеваме’ во вој контекст е подобро“, изјави Билстром за шведската службена новинска агенција TT.
Ден претходно портпаролот на унгарската влада изјави дека се одложува гласањето во парламентот за приемот на Шведска поради поранешните обвинувања од страна на Стокхолм на сметка на политиките на владата во Будимпешта.
Турција ги обвини двете земји, а особено Шведска дека ги штити и им дава политички азила на припадниците на курдската PKK и на FETO, движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД, кои ги стави на листата терористички организации. Односите се влошија кога шведските власти во јануари дозволија два собира во близина на турската амбасада во Стокхолм, првиот на кој курдските активисти обесија наопаку кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган а седна седмица подоцна на данско-шведски десничарски екстремист кој на истото место ја запали светата книга на муслиманите Куранот.
Шведската влада изјави дека сериозно ги сфаќа обвинувањата од Анкара, но додаде дека некои нејзини барања, во прв ред оние за екстрадиција на лицата по кои трагаат или се осудени пред турските судови, не може да ги исполни.
Финска го поднесе своето барања за членство во НАТО истовремено со Шведска. Унгарскиот парламент го одобри нејзиното членство во понеделникот, а се очекува дека ќе го ратификува наскоро и турскиот.