Најмалку шест руски проектили го погодија источниот украински град Харков во четвртокот доцна вечерта, а локалните власти ги собираат податоци за штети и жртви, соопшти регионалниот гувернер Олег Синегубов.
Од 10-ти октомври 2022 година по нападите врз Керченскиот (Кримскиот) мост и цели на руска територија, руската војска изведува одмазнички периодично масовни ракетни и напади со дронови врз украинската клучна инфраструктура.
„Непријателот повторно го нападна Харков. Забележани се најмалку шест ‘доаѓања’“, напиша Синегубов на Telegram.
Прелиминарните информации велат дека станува збор за противвоздушни проектили од системот „С-300“, што сугерира дека се можеби истрелани со цел да се соборат воздушни цели.
Според харковските власти, наводно проектилите биле истрелани од јужниот руски регион Белгород. Градот на самата граница уште од почетокот на руската инвазија беше цел на украински ракетирања во кои имаше оштетувања на критична инфраструктура и на цивилни објекти, а исто така и жртви и настрадани меѓу локалното население.