600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите.
Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“, посочи Митева.