Осуденици влегле во канцеларија во затвореното одделение во „Идризово“, оштетен дел од инвентарот

Нов инцидент регистриран во затворот „Идризово“, откако во четвртокот три осудени лица влегле во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата каде имало вработени.

„На 30.03.2023 во 15.17 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.30 часот во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата, во која имало вработени лица, влегле осудениците Р.К(34), Н.З.(31) и Б.З.(32) и еден од нив оштетил дел од инвентарот“, велат од МВР.

За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.