Андоновски од политичката академија: Ова е само почеток за создавање нови лидери кои успешно ќе ја водат партијата и државата во наредниот период

При денешното отворање на политичката академија во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ се обрати меѓународниот секретар за меѓународна соработка на опозициската партија Стефан Андоновски и истакна дека оваа академија е само почеток на долгорочна соработка за создавање нови лидери.

„Ова е само почеток на една долгорочна соработка со која ќе работиме на создавање нови лидери, лидери на иднината. Да се заблагодарам особено на фондацијата Конрад Аденауер која го помогна организирањето на првиот модул и ќе ни помогне во реализацијата на останатите модули но секако тука се и нашите други меѓународни партнери тоа е меѓународниот републикански институт ИРИ, националниот демократски институт НДИ и меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС кој, исто такаm се вклучија во поддршка на оваа политичка“, рече Андоновски.

Андоновски искрено се надева дека ќе се успее да се создадат и да се помогне да се создадат нови лидери, млади лидери кои успешно ќе ја водат партијата во наредниот период, но ќе ја водат и државата.

Pосочи дека се надева дека овој начин на работа ќе донесе резултати за да направиме многу повеќе за Македонија и да ги промениме работите и состојбите во кои живееме.