
Заканите по животот на членовите на семејството и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката од страна на власта. Минаа 24 часа а ниту владејачката СДСМ, ниту шефот на државата Стево Пендаровски се оградија од лицето кое на социјалните мрежи ги упатува тие закани, реагираат во саботата од опозицската партија.
Притоа од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека заканувачот јавно се декларира како поддржувач на премиерот Димиетар Ковачевски, а претседателот Пендаровски на тоа лице му подарил и благодарница.
„Ниту Министерствот за внабтрешни работи реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту, пак, СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца.
Директно власта на Ковачевски стои зад ваквите ниски обиди и закани кон опозицијата. Ова е грозоморно водење на политика како обид да се затскријат криминалите на власта. На власта да и е јасно дека нема повлекување и нема отстапување од борбата против криминалот на власта и поразите кои тие и ги носат на Македонија“, се додава во реакцијата.