
Во само 12 часа, во Скопје се случија три грозоморни настани, вчера како на филмска лента се случи убиство, тежок грабеж и пронајдено обезглавено човечко тело на патот Скопје-Блаце, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се настани кои се случија за само еден ден, кои ги немаше ни во времињата во 199-те во Колумбија. (Министерот за внатрешни работи) Оливер Спасовски ја претвори државата во мафијашки полигон, каде ни еден граѓанин веќе не се чувствува сигурен преку ден, а камоли навечер.
Се потврдија состојбите на терен, мафијашките пресметки и небезбедноста на граѓаните, за кои подолго време укажуваше ВМРО-ДПМНЕ. Неспособниот Оливер Спасовсски мора да се соочи со вистината и да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на партијата.