Од денеска треба да почне примената на владината Одлука со која за 13 отсто се намалуваат и се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените за деца и возрасни, а следните денови Владата треба да соопшти кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно ќе се знае до утре, а анализите се во тек.
Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, од 1-ви април до 31-ви мај 2023 година.
Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски туристи, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата
„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и хигиенските влошки во трговијата на мало на 20 март годинава. Владата ја донесе оваа Одлука по предлог на Министерството за економија, согласно направените анализи и податоците од Царинската управа“, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.
Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа.
„Ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените“, истакна Бектеши во средата на 29-ти март.
Од денеска треба да почне примената на владината одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.
Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции.