Намесникот на Киевско-печерската лавра ставен во домашен притвор

Митрополитот Павел (Лебед), игумен на Киевско-печерската лавра, објави во саботата дека по налог на украинските власти е ставен во домашен притвор, пренесуваат украинските медиуми.

Манастирскиот комплекс основан во 1051 година, кој се наоѓа на списокот на УНЕСКО на светското кулурно наслество, е културен и историски бисер крај Киев кој датира од период на Киевска Русија, и е центарот на Украинската православна црква којашто е под историската јурисдикција на Московската патријаршија, наспроти новоформираната Православна црква на Украина (ПЦУ) чија самостојност ја прогласи грчката Вселенска патријаршија во Истанбул пред неколку години, кога беа одземени некои цркви од УПЦ а имаше и повеќе случаи на физички судири меѓу клерот и верниците на двете цркви.

„Одреден ми е домашен притвор“, вели свештеникот во разговор со парохјаните, од кој видео е објавено на апликацијата за размена на пораки Telegram. Притоа во разговорот митрополитот забепежува дека „треба да го потпише протоколот“, без да прецизира за што станува збор. Истовремено од УПЦ известија дека настојникот на манастирскиот комплекс бил повикан на распит, кој требало да се одржи напладне, а дури потоа би требало да му биде одредена мерка.

Претходно во саботата митрополитот Павел изјави дека украинските власти му предале акт дека е осомничен и дека во неговиот дом „сега ќе биде извршен претрес“. Според него, „накусо“ му било објаснето дека е обвинет за „соработка со Русија и поттикнување меѓурелигиска нетрпеливост“. Притоа оцени дека дејствијата на украинските власти претставуваат очигледен прогон на црквата. Подоцна во текот на денот, некои од украинските медиуми повикувајќи се на очевидци известија дека е извршен претрес во домот на митрополитот.

Како што претходно објавија од УПЦ, митрополитот Павел е обвинет за „поттикнување меѓурелигиска омраза поради неговите изјави за расколничката УПЦ и Цариградската патријаршија“.

Новиот бран конфликти околу судбината на Киевско-печерската лавра започна по најавата дека украинските власти кои ја обвинуваат УПЦ за наводна соработка и работење во полза на Русија, ќе го раскинат договорот за закуп на комплексот на неодредено време, според одлуката што ја донело украинското Министерство за култура. На монасите им беше наредено да ги напуштат манастирите на 29-ти март. Истовремено Киев им понуди да останат во комплексот но под услов да преминат под јурисдикција на нововоспоставената ПЦУ. Ден претходно министерот Олександр Ткаченко изјави дека судот дозволил раскинување на договорот за закуп на објектите во лаврата.

Надлежната комисија требаше да го преземе владеењето на лаврата на 30-ти март, но два дена по ред верниците на УПЦ не дозволуваа на владините претставници да влезат на територијата на комплексот. Според нив, комисијата не поседува релевантна судска одлука.

Митрополитот Павел истакна дека не може да има компромис за судбината на лаврата, и дека монаштвото братство таму ќе остане „до крајот“. Посочи дека не е можно еднострано раскинување на договорот за закупот, за што поднел тужба до Управниот суд во Киев.

Минатата седмица Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации објави извештај за слободата на вероисповед во Украина, во кој изрази загриженост за дискриминацијата на Украинската православна црква.

Претходно во ноември 2022-ра украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој е од украинско-еврејско потекло, ги забрани верските организации поврзани со Русија. Претходно украинското разузнавање Службата за безбедност на Украина (СБУ) вршеше претреси и приведување во манастирскиот комплекс и во други цркви на УПЦ, под изговор дека бараат руски шпиони и пропагандисти, што беше оценето како притисок врз верниците на Украинската православна црква кои се русофони и оние кои не сакаат да минат под епархиите на новоформираната Православна црква на Украина.

Последната година, властите во Киев спроведуват жесток прогон на Украинската православна црква, која вклучува милиони верници. Со поддршка на властите, Православната црква на Украина врши упади во цркви, а украинсктие екстремни националисти ги напаѓаат свештенството и верниците, во црквите и манастирите се вршат претреси кај свештеници и епископи, обвинети се за „антиукраински активности“.