
ОВЕН
Како и секогаш, повеќето претставници на знакот се премногу енергични за одмор и претпочитаат да се вклучат во голем број корисни активности. А бидејќи самите си ги поставувате задачите, тешко дека ќе бидете несреќни доколку не успеете да се справите со планираното за тој ден. Доколку имате можност да го поминете денот со пријателите, не пропуштајте ja.
БИК
Новитетите кои ве привлекуваат и влегуваат во вашиот живот ве прават похрабри и поамбициозни. Искористете ја добрата енергија која сега доминира со вас, времето е поволно за акциja. Нова понуда за работа. Упорноста во трудољубивоста ве прави барани и претпочитани партнери.
БЛИЗНАЦИ
Постигнатата внатрешна хармонија ќе ви помогне да донесете правилни одлуки за прашањата кои создаваат напнатост и доведуваат до стрес. Не дозволувајте мешање однадвор, тоа би создало неред во вашето размислување, што ќе ве поттикне инстинктивно да го елиминирате и ќе ви ја троши енергијата.
РАК
Благодарение на вашата трудољубивост, ќе дојдете до поголема јасност за прашање што ве интересира, а тоа ќе ги забрза вашите постапки, но веќе ослободени од сомнежи и штетни мисли. Првите резултати ќе ја зголемат довербата во сопствените способности, а разбирањето со кое ќе се сретнете ќе ве мотивира да продолжите.
ЛАВ
Ќе се чувствувате полни со енергија и нови сили. Нема да ви недостасува самодоверба и со задоволство ќе им се посветите на вашите активностите што во интересираат. Многумина од вас ќе бидат возбудени од мисли поврзани со нова работа, проект или купување нешто големо. Корисните информации ќе ви помогнат да ја придвижите деловната зделка.
ДЕВИЦА
Ќе се создадат добри можности за професионални настапи. За некои од нив заслугата е ваша, но има и подарени кои особено ќе ве израдуваат. Палетата од удобствија нема да заврши тука. Ве очекуваат новини и придобивки кои ќе ви донесат поголема радост и удобност. Пазете се од преоптоварување и не грижете се за ништо.
ВАГА
Денот е многу поволен на личен план и сѐ што ќе постигнете денеска е плод на вашето успешно однесување во последно време. За некои од вас тоа е забележителниот напредок што ќе влијае на вашите односи со важни луѓе во иднина. Може да имате многу придобвики од неволјите на вашите конкуренти и подобро да го направите тоа, бидејќи веројатно накоро нема да добиете втора шанса.
ШКОРПИЈА
Активните, работните, расположените, оние кои сакаат да истражуваат и сите кои имаат позитивен став кон животот ќе имаат причини да бидат задоволни од својата активност денеска. Ве очекуваат финансиски и деловни реализации, но и духовен напредок. Ќе уживате во вниманието што ќе ви ја зголеми виталноста, а и ќе флертувате, најмногу колку за забава.
СТРЕЛЕЦ
Комуникацијата со креативни и позитивни луѓе ќе ви донесе духовно задоволство, што ќе ви даде импулс и ќе ве направи посигурни. Но, контролирајте ги вашите емоции и не дозволувајте тие да го диктираат вашето однесување. Во овој поглед, исто така, добро е да се воздржите од давањет ветувања. Интересна понуда, за некои од странство.
ЈАРЕЦ
Расположението ви е добро денеска, а на работната способност може да ви позавидат и најштетните. Искористете го овој факт за да ја извршите најкорисната работа. Денот е исполнет со различни обврски, но ова е прекрасна можност да им ги покажете своите способности. Позната е вашата моќ на убедување, а особено денеска ќе завршите многу работа.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува одличен ден во секој поглед. Успешно ги разрабиотувате можностите кои се отвораат пред вас и ги користите навидум безначајните работи во ваша полза. Вашиот успех е придружен со стабилни финансиски приходи.
РИБИ
Со вашето пријателско однесување ќе ја предиспонирате спротиставената страна трпеливо да ги слуша вашите аргументи и заедно ќе најдете решение за заедничко прашање. Ова ќе ја привлече нејзината добра волја кон вас, од што ќе имате полза подоцна. Присуството на личноста за која размислувате често, пријатно ќе ве возбуди.