Најмалку едно лице го загубило живото а уште 30 други се повредени, од кои повеќето потешко, кога патнички воз со околу 50 патници излетал од шините рано утрото во Холандија удирајќи во градежна опрема на пругата, соопштија холандските служби за итни случаи.
Спасувачките екипи ги транспортирале настраданите пред мугрите од местото на несреќата кај Вооршотен, село во близината на Хаг, Несреќата се случила околу 3,25 часот по локално време, соопшти службата за итни случаи.
Според портпаролот на противпожарната служба, некои од настраданите биле со тешки повреди и 19 од нив се префрлени во болниците, додека на другите лекарската помош им била пружена на самото место.
Предниот вагон од ноќниот воз од Лејден за Хаг излетал од шините и завршил во полето, објави холандската новинска агенција ANP. Вториот вагон останал на местото, додека во задниот вагон избувнал пожар кој подоцна бил изгаснат.
Некои претходни извештаи зборуваа дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Портпаролот на Холандските железници (NS), Ерик Крозе, потврдил дека товарен воз е вклучен во несреќата, но не изнел поединости.
Холандските железници објавија дека железничкиот сообраќај меѓу Лејден и делови од Хаг привремено е запрен поради несреќата.