Уапсен сопругот на поранешната шкотска премиерка Старџен

Шкотската полиција соопшти во средата дека во рамките на истрагата за финансирањето на владејачката Шкотска национална партија (SNP) е уапсен 58-годишен маж, а британскиот радиодифузер BBC објави дека станува збор за поранешната шкотска премиерка и челничка на SNP, Никола Старџен.

Питер Марел, кој во март поднесе оставка на позицијата извршен директор на SNP којашто се залага за независност на Шкотска, е однесен во полициски притвор во средата утрото, извести BBC.

Полициската истрага се води кон откривање каде отишле повеќе од 600.000 фунти собрани во кампањата за независност на Шкотска во 2017 година, кои требало да бидат потрошени за тоа но се извадени од сметката на партијата.

Од SNP за Reuters не одговориле веднаш на барање за коментар, а шкотската влада одговорила дека тоа е работа на партијата.

Шкотската полиција одговорила дека во рамките на истрагата се вршат претреси на многу адреси. „;Мажот е во притвор и го испитуваат детективи на шкотската полиција“, додале.

Старџен во март ненајавено поднесе оставка на позицијата премиерка на полуавтономната шкотска влада по осум години на власт.