
Сараево доби продавница во која сите производи се од стопроцентно домшно производство.
Во продавницата која се наоѓа во центарот на главниот град на БиХ се продаваат домашни јајца, сирење, тестенини, производи од сушено и чадено месо, туршии, ајвар, мед, чаеви, свежо овошје и зеленчук.
Производите немаат никакви вештачки додатоци и редовно се контролирани од надлежните институции.
Продавницата, следејќи ги желбите на купувачите наскоро ќе воведе и разни видови слатко, кои веќе одамна ги нема во продажба, а се интересни за клиентите.